top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија ќе има седум спортисти на ЛОИ?

22.06.2021 Juni Vtornik

До почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио остануваат уште триесетина дена, а некои од македонските спортисти што обезбедија олимписки настап веќе се во фаза на подготовки, за што подобро да го пречекаат почетокот на Игрите во Јапонија. Досега Македонија има вкупно четворица спортисти што ќе настапат на ЛОИ 2020, но се очекува тој број да биде поголем. На минатите Игри, во 2016 година, Македонија имаше шест спортисти, четири години пред тоа четворица, во 2008 година седуммина итн.

Во Токио ќе настапат Магомедгаџи Нуров (борење слободен стил), Дејан Георгиевски (таеквондо), Борјан Бранковски (стрелаштво) и Пулексенија Јованоска (карате). На квалификациски турнири треба да учествуваат уште неколку македонски спортисти во настојувањето да ја обезбедат потребната олимписка норма. – Во текот на неделава очекуваме Македонија да добие уште три вајлд-карти за настап на Летните олимписки игри во Токио. Така, во пливање очекуваме две вајлд-карти, и тоа по една во машка и во женска конкуренција, како и една вајлд-карта во атлетика, со што сегашниот број на македонски спортисти на ЛОИ би се зголемил на вкупно седум – вели спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Владимир


1 view

Comments


bottom of page