Македонија храбро се бореше со десетмина на теренот, Бугарија славеше во Скопје
26.09.2022 Septemvri Ponedelnik
Македонската сениорска фудбалска репрезентација доживеа пораз од Бугарија од 1-0 во мечот од шестата рунда во Лигата на нации.
Нашиот национален тим уште во раната фаза (14 минута) остана со играч помалку откако Тодороски доби директен црвен картон, а тоа дефинитивно ја измести стратегијата на селекторот Милевски кој реагираше и на местото на Трајковски го внесе Ашковски.
Меѓутоа и со десетмина на теренот репрезентативците водеа голема борба со Бугарите, борба за секој дел од теренот, неколкупати се заканивме кон голот на Наумов, ама ниту еден од тие обиди не заврши во мрежата на гостите.
На крајот како пресудна се покажа 50 минута кога по една контра на источниот сосед Кирилов го проигра Десподов кој биеше прецизно низ нозете на Димитриевски.
Овој циклус го завршуваме на третото место во групата со 7 бода зад Грузија која вечерва беше подобра од Гибралтар и дојде до 16 поен и Бугарија која собра 9 бодови.
Commentaires