Македонија утре игра за пласман меѓу осумте најдобри
12.07.2024 juli Petok
РАКОМЕТ – ЕП 2024 ЗА ЈУНИОРИ
Во следната групна фаза ќе се пласираат победниците на шесте групи и најдобрите две меѓу второпласираните (една од групите А, Б и Ц и една од групите Д, Е и Ф)
Машката репрезентација на Македонија одигра нерешено 24-24 со Хрватска, во вториот натпревар од групата А на 14. Европско првенство (ЕП) за ракометари до 20 години, во Целје (Словенија). Тоа беше меч со две различни полувремиња, прво, кое Хрватите го добија со пет гола разлика (10-15) и второ, кое Македонија го доби со исто толкава разлика. И двете селекции имаа падови во одреден дел од играта, во кој не успеваа да постигнат гол по десетина минути. Кај Македонците најефикасни беа десниот бек Димитар Узунчев и централниот бек Славчо Шулески, со по шест гола.
Во вториот меч од групата А вчера попладне играа Црна Гора и Австрија. Третиот ривал на Македонија во групната фаза, утре (12.40 ч.) е Австрија, која во првото коло ја совлада Хрватска со 27-23. Победа над Австријците ја носи Македонија меѓу најдобрите осум селекции во Европа. Во следната групна фаза ќе се пласираат победниците на шесте групи и најдобрите две меѓу второпласираните (една од групите А, Б и Ц и една од групите Д, Е и Ф). По две одиграни средби, Македонија има три бода и гол-разлика од плус 10, а Хрватска е трета со еден бод (гол-разлика минус четири), Австрија е втора со два бода, но и еден меч помалку, а без бодови (и еден натпревар помалку) е Црна Гора. Г.И.
Comments