top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија со тројца претставници на ЗОИ 2022

ОЛИМПИЗАМ

Врз основа на комуникација со Интернационалната скијачка федерација (ФИС) и со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Македонскиот олимписки комитет (МОК) информира дека македонската делегација, која ќе учествува на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг од 4 до 20 февруари, ќе биде составена од тројца спортисти и двајца тренери. Така, Ставре Јада ќе настапи во нордиско скијање (има 63,77 ФИС-поени), во дисциплините спринт слободен стил на 1,5 км (на 8 февруари) и на 50 км слободно (на 19 февруари). Ана Цветановска во нордиско скијање (126,98 ФИС-поени) ќе се трка во дисциплините 7,5 км слободен стил (на 5 февруари), како и на 7,5 км скијатлон и 10 км класично (на 10 февруари). Дардан Дехари (58,50 ФИС-поени) во алпско скијање ќе настапи во дисциплините слалом (13 февруари) и велеслалом (на 16 февруари). Тренери на македонските олимпијци се Борче Јовановски и Антонио Ристевски. Македонското знаме на церемонијата на отварањето на ЗОИ 2022 ќе го носат Цветановска и Дехари. Македонската олимписка делегација, која ќе биде предводена од спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, за Пекинг треба да тргне на 29 јануари, а во Скопје да се врати на 21 февруари, информираат од МОК.

РАСПОРЕД НА НАСТАПИТЕ

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ДИСЦИПЛИНА ДАТУМ Ана Цветановска 7,5 км слободно 5 февруари Ставре Јада 1,5 км спринт 8 февруари Ана Цветановска 7,5 км скијатлон и 10 км класично 10 февруари Дардан Дехари слалом 13 февруари Дардан Дехари велеслалом 16 февруари Ставре Јада 50 км слободно 19 февруари


5 views

Comentarios


bottom of page