top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија со тројца претставници на Зимските олиписки игри во Пекинг

Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада се тројцата олимпијци кои ќе ја претсавуваат Македонија на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, Кина, објави на денешната прес-конференција Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). Улогата на предводникот на македонската делегација ќе ја има Владимир Богоевски.

Цветановска и Јада ќе ја претставуваат Македонија во по две крос-кантри дисциплини, додека Дехари е единствениот македонски претставник во алпско скијање и ќе се натпреварува на трките во слалом и велеслалом.

Цветановска ќе настапи на трките 7,5 км слободно трчање + 7,5 км скијатлон и 10 км класичен стил (на 5 и 10 февруари), додека пак Јада е пријавен е во спринт трката на 1,5 км и на 50 км слободен стил, (8 и 19 февруари). Тренер на двајцата натпреварувачи во крос-кантри е Борче Јовановски. Дехари ќе настапи на 13 и 16. февруари, а негов тренер е Антонио Ристевски.

Дехари и Цветановска ќе бидат македонските знаменосци на церемонијата на отворање на ЗОИ во Пекинг.


3 views

Comments


bottom of page