top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија со три победи го заокружи настапот во својата група

ОДБОЈКА – ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА

Македонската машка одбојкарска репрезентација со убедлива победа со 3-0 над БиХ на гости го заврши својот настап во групата Б во годинашната Европска сребрена лига, со 10 бода. Дали црвено-жолтите седми пат ќе бидат дел од фајналфор-турнирот во ова натпреварување, овој пат во Будимпешта (18-19 јуни), зависеше од вчерашниот меч Романија – Албанија. Само ако Романците на свој терен славеле со 3-0 или со 3-1 тогаш Македонија ќе патува во Унгарија. Двете првопласирани селекции одат понатаму. На фајналфорот ќе настапат и Унгарија и Финска од групата А. Вкупниот победник на Европската сребрена лига ќе обезбеди учество во Европската златна лига во 2023 година.


1 view

Comments


bottom of page