Македонија со пораз од Грција го заврши турнирот „Чајка“ во Скопје
Македонските одбојкари полека ги привршија сите подготовки за Европското првенство на кое нашата земја ќе биде еден од ко-домаќините, но „спартанците“ се свесни дека ќе мора да бидат на далеку повисоко ниво од она кое го прикажаа вечерва.
Традиционалниот турнир „Чајка“ го завршивме со убедлив пораз од Грција со 3:0 во сетови, со тоа што првите два беа неизвесни, а последниот целосно во корист на противникот.
Подарените поени и неизнудените грешки во клучните моменти направија Грција да води со 25:23 и 25:22 по два сета, по што нашиот тим целосно се распадна во третиот сет.
Грците славеа со 25:16 и забележаа нова победа, со која си го осигураа првото место на турнирот „Чајка“ кој изминативе денови се играше во „Борис Трајковски“.
Македонија го заврши истиот со биланс од една победа и два меча, но и како последнопласирана зад Грција, Јапонија и Египет.
Comments