Македонија со победа над Малта ги стартуваше квалификациите за ЕП 2024
Updated: Mar 24, 2023
23.03.2023 Mart Cetvrtok
Македонската фудбалска репрезентација со 2-1 ја победи Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024, Елмас и Чурлнов беа стрелци на головите.
МАКЕДОНИЈА Македонија ја оствари целта, со победа го почна новиот циклус на квалификациите. Момците на Благоја Милевски добро се испотија додека да го пробијат противникот и да дојдат до трите бода. Македонските фудбалери не успеаа да упатат ниту еден шут во рамките од голот во текот на првото полувреме. Имавме апсолутна доминација на теренот, но тешко создававме шанси. Така го почнавме и второто полувреме. Првиот шут во рамките од голот го имавме дури во 58. минута кога Елмас шутираше, голманот на Малта го одбрани неговиот удар, а потоа беше досуден пенал за нас по фаул врз Миовски. Сепак ВАР го поништи пеналот и судијата му даде жолт картон на нашиот напаѓач поради глума. Но само седум минути подоцна постигнавме гол, Миовски одлично ја спушти топката за Елмас кој постигна гол за водство на Македонија од 1-0. По овој погодок беше полесно. Во 72. минута Дарко Чурлинов од десната страна шутна и погоди за водство од 2-0. Македоија дојде до предност која навидум гарантираше сигурна завршница, но не беше така. Во 86. минута Малта од својата прва шанса постигна гол преку Јаник и намали на 2-1. Брзо потоа имавме голема шанса да ја вратиме разлика од два гола, Барди од слободен удар ја погоди пречката. Во судиското продолжение малтежаните имаа шанса за израмнување, но Димитриевски го одбрани нивниот удар. Тоа беше првата интервенција на нашиот голман. Пред самиот крај на мечот, селекторот Благоја Милевски доби црвен картон и мораше порано да се повлече во соблекувалната. На крајот се радуваме на заслужена, но тешко изборена победа над Малта. Целта е остварена, почнавме со три бода.
Comments