Македонија со осум спортисти на ОИ во Токио
Updated: Jul 13, 2021
12.07.2021 Juli Ponedelnik
Македонскиот олимписки комитет (МОК) го заокружи списокот на спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Токио.
Земјава ќе ја претставуваат 8 спортисти, во поединечни спортови.
-Миа Блажевска Еминова – пливање 100 м. -Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол -Дејан Георгиевски – таеквондо +80 кг. -Филип Деркоски – пливање 400 м. -Пулексенија Јованоска – карате ката -Магомедгаџи Нуров – борење слободен стил 97 кг. -Арбреша Реџепи – џудо – 52 кг. -Јован Стојоски – атлетика 400 м.
Први од македонските спортисти ќе настапат Деркоски и Бранковски, на 24. Јули, а последен ќе настапи Нуров на 6. август.
Шеф на македонската делегација ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.
Comments