Македонија со дуел со САД денеска го почнува настапот на четвртото СП
19.06.2024 juni Sreda
РАКОМЕТ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЈУНИОРКИ ДО 20 ГОДИНИ ВО СКОПЈЕ
Mакедонија од денеска ќе биде домаќин на 24. Светско првенство во ракомет за јуниорки (до 20 години), а второ на кое ќе настапат вкупно 32 репрезентации. Македонската репрезентација, која во подготовките за СП 2024 одигра три средби, загуби од Исланд, а ги победи Кина и Бразил, досега настапи на три светски првенства, во 1995 година во Бразил (17-то место), во Скопје во 2003-та (осмо место) и во Скопје во 2008 година (18-то место).Натпреварите ќе се играат во Скопје, во три сали, а црвено-жолтите ќе настапуваат во СЦ „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат и мечевите од завршната фаза. Ќе се игра и во двете сали на СЦ „Јане Сандански“. Македонија, која ќе ја предводи селекторот Дарко Јанев, за кого ова ќе биде прв голем предизвик, е во групата Х, првиот меч ќе го игра денеска со САД (20.15 часот), вториот е в петок со Исланд (18 ч.) и третиот е в недела со Ангола (20.15 ч.). Двете првопласирани селекции од секоја од осумте групи ќе продолжат во главната рунда, а двете послаби селекции ќе играат во Президент-купот.Актуелен светски јуниорски првак е Норвешка. Таа ја освои титулата на СП 2022, совладувајќи ја во финалето Унгарија (31-29), а трета беше Холандија, која славеше на дуелот со Шведска (31-20). Г.И.
Comments