Search
Македонија со два шпица во почетните 11 ќе напаѓа против Казахстан
- Aleksandar Santovski
 - Oct 13
 - 1 min read
 
13.10.2025 Oktomvri Ponedelnik
.Македонскиот национален тим на дуелот со Казахстан ќе тргна со Бојан Миовски и Милан Ристовски во шпицот на нападот, а капитенот Енис Барди и Елиф Елмас како поддршка од позадина.
Ова е веројатно првпат Ристовски да биде најистурен како стартер, со Миовски како крило, можеби и ќе ги ротираат позициите, па останува да видиме како ќе функционира тоа.
Селекторот Благоја Милевски го остави Димитриевски на голот, во одбраната се Стојчевски, Велковски, Зајков и Алиоски, а пред нив во средината Илиевски и Алими, па формацијата ќе биде 4-2-3-1.







Comments