Македонија си поигра со Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП
- Aleksandar Santovski
- Oct 12, 2022
- 1 min read
Македонската ракометна репрезентација имаше убедлив старт на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Нашиот национален тим ја потврди улогата на фаворит и славеше со 38-24 на средбата која се одигра во СЦ „Борис Трајковски“. Избраниците на Кирил Лазаров покажаа дека се од „друга планета“ за Луксембург, односно го надиграа во двете полувремиња.
Се функционираше како треба во македонската селекција пред во првот дел кој го реализиравме со 18-7. Вториот дел беше чиста рутина иако попуштивме во одбраната и примивме 17 голови (20-17).
Серафимов, Кузмановски (Филип) и Кузмановски (Цветан) беа најефикасни со по 5 гола, на спротивната страна исто толку даде Вердерл.
Следен ривал е селекцијата на Турција со која ќе се соочиме во недела од 16 часот.

Comments