top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија подобра од Австрија, ја чека дуел со Унгарија

Машката ракометна кадетска репрезентација на Македонија (до 19 години), по поразот од Данска (30-37), ја оствари вкупно третата победа, а прва во главната рунда на Светското првенство (СП), кое се игра во Хрватска. Совладана беше Австрија со 29-22, па, така, денеска (20 ч.), во Копривница ќе разигрува за пласман од 9-то до 12-то место, а ривал ќе ѝ биде Унгарија, која, пак, е третопласираната во групата еден. Станува збор за квалитетна селекција, која на ова СП во главната рунда загуби од Португалија (31-29), а ремизира со Хрватска (28-28), додека во прелиминарната фаза ги победи Мароко (37-28) и Словенија (29-25), а го декласира Нов Зеланд (49-6) и го освои првото место.

Ако избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ја совладаат Унгарија, ќе играат за пласман на деветтото место со подобриот од дуелот Чешка – Саудиска Арабија, а ако загубат, ќе играат со поразениот од истиот меч, но за 11-то место.

Како што е познато, на последното СП во 2019 година, кое се одржа во Скопје, Македонија го освои 13-то место од вкупно 24 репрезентации, за разлика од сега, во Хрватска, каде што настапуваат 32 селекции. Бранител на титулата е Египет, кој на СП 2019 во финалето ја совлада Германија со 32-28, додека трета беше Данска, која славеше над Португалија со 35-27. Во 2021 година поради ковид-19, шампионатот во Грција не се одржа. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page