Македонија остана без својот „Евергрин“ Тажно денеска не напушти почина Владо Јаневски македонскиот пеач на забавни песни -балади и евергрини
- Aleksandar Santovski
- Jun 29
- 2 min read
28.06.2026 juni Nedela
Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники, објавија повеќе медиуми.
Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.
Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, а во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Покрај пеењето, свирел клавир, гитара и тапани.
Во 1998 година Владо Јаневски стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде што во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“. каде за прв пат се слусна песна и на македонски јазик
Во текот на кариерата настапуваше на бројни домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои Југовизија во Белград, „Славјански базар“ во Белорусија, како и фестивали во Турција, Ирска и Египет.
Зад себе остави шест студиски албуми: „Парче душа“ (1993), „Сѐ најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996), „Има нешто посилно од сѐ“ (2002), „Ваков или таков“ (2004) и „Повторно се заљубувам во тебе“ (2006).
Со неговата смрт, македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливи автори и изведувачи, чии песни повеќе од три децении се дел од домашната музичка ризница.
Неговите песни остануваат вечен саундтрак на нашите спомени
Некои уметници се паметат по бројот на продадени албуми, други по освоените наградите, но Владо Јаневски ќе остане запаметен по тоа што неговите песни станаа саундтрак на многубројни љубови, болни разделби, среќни враќања и најубави спомени. Неговите уникатни мелодии ќе продолжат да живеат токму таму каде што секоја навистина добра песна останува засекогаш – длабоко во сеќавањата на луѓето. Почивај во мир, легендо. Твоето дело никогаш нема да биде заборавено. вечно ќе те паметиме и секогаш и понатаму ќе ги слушаме твоите песни се што твореше и ќе учиме како треба да се прави преубава песна балада,евергрин,и хит кој ќе остане за многу времинја!!
Слава ти!!
Оди по патот на светлината кај ангелите!
Скршени со болка и тага од ова што го слушнавме денеска, ја примивме оваа многу тажна вест дека повеке нема да си меѓу нас и да слушаме нови хитови, но тоа е таков е животот до кога како на кој му е пишано никој тоа незнае, затоа ке кажам уште еднаш Слава Ти за се што правеше преку најубавото нешто а тоа е музиката, Македонија и на тебе ти се поклонува со сите ние кои ја ценевме и сакавме твојата музика!!









Еве дел од тоа што твореше Владо Јаневски ацелосно се на youtubeможе да се види ке остане запишано за секогаш да се слушаат неговите песни и да се гледаат сите пшреубави видео спотови!!
И дел од првата детска музичка емисија Дајте музика 1993 снимена која одеше на МРТ телевизија ,каде настап имаше и Владо Јаневски со Сини очи има Јана





Comments