top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија од вториот барабан ќе ги чека ривалите

РАКОМЕТ – ЖДРЕПКА ЗА СП 2023

Машката ракометна репрезентација на Македонија пред осмото учество на светските првенства (СП) во Полска и во Шведска во 2023 година противниците ќе ги дознае в сабота, со ждрепката во која ќе биде во вториот барабан, во кој се и селекциите на Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Црна Гора, Бразил и на Полска. Македонија во групната фаза нема да игра со тие селекции, ќе добие послаборангирани репрезентации, а ќе одбегне и еден од домаќините, Полска. Во најсилниот барабан се Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија и првиот претставник од Африка. Во втората групна фаза ќе се пласираат по три селекции од секоја од осумте групи. Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) досега обелодени 24 селекции од вкупно 32-те што ќе настапат (другите допрва ќе бидат познати), а до ждрепката ќе се знаат уште три селекции од Првенството на Северна Америка и две репрезентации што ќе добијат вајлд-карти. Наскоро ќе бидат познати и уште пет репрезентации од Африканската зона, односно по завршувањето на првенство што треба да се одигра во Египет во јули. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page