top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија од вториот барабан ја чека ждрепката за Лигата на нации

Updated: Nov 18, 2021

17.11.2021 Noemvri Sreda

Европската фудбалска унија (УЕФА), објави дека ждрепката за третото издание на Лигата на нации, ќе биде извршено на 16 декември. Во овој трет циклус, Македонија, ќе се натпреварува во Ц-дивизијата.

Македонија, ждрепката, ќе ја чека од вториот барабан, заедно со Грција, Белорусија и со Луксембург. Овие три репрезентации сигурно нема да им бидат противници на „црвено-жолтите“ во Лигата на нации.

Натпреварите во Лигата на нации ќе бидат одиграни во два термини, во јуни и септември. Лигата ќе започне на 2 јуни, во тој прв циклус ќе се одиграта четири кола, а во вториот, септемвриски циклус, на програмата ќе бидат последните две кола.

Победниците на групите во најсилната А-дивизија, во јуни 2023 година, ќе играат на завршниот турнир во Лигата на нации. Последнопласираните репрезентации во дивизиите А и Б ќе се преселат еден ранг подолу, а победниците на групите во дивизиите Б, Ц и Д ќе напредуваат еден ранг погоре.

Последнопласираните репрезентации во Ц-дивизијата ќе играат бараж за опстанок. Поразените во овие баражи ќе се преселат во Д-дивизијата.

Барабан 1: Турција, Словачка, Бугарија, Северна Ирска Барабан 2: Грција, Белорусија, Луксембург, Македонија Барабан 3: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово Барабан 4: Фарски Острови, Гибралтар и две репрезентации од плеј-офот во кој ќе играат Казахстан, Кипар, Естонија и Молдавија


2 views

Comments


bottom of page