Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија 2023
На Фејсбук профилот „Eurovision Macedonia“ осамна официјална информација дека Македонија годинава нема да учествува на Евровизија.
Објавата гласи:
„Поради економската и енергетската криза и големите трошоци, Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија 2023, коj треба да се одржи во мај во Ливерпул, Велика Британија. Одлуката да се откажеме од учество на Евросонг важи за оваа година, а за идната ќе видиме.“🇲🇰 Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство.
👤 Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“
🇬🇧Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува Евросонг 2023.
📺 МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале. МРТ се надева дека состојбата ќе се стабилизира, по што земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година. 👉 https://mrt.com.mk/node/79534 #eurovision
Comments