Македонија не реализира пенал за победа против Алжир
Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да слави и на вториот натпревар на Медитеранските игри во Оран откако ремизираше со домаќинот Алжир (24:24).
Во преполната сала во Оран, избраниците на Кирил Лазаров пропуштија шанса за победа затоа што во самиот финиш од средбата не реализираа седмерец преку Џонов.
Македонија подобро го почна натпреварот и имаше водство од 4:1, но потоа Алжир се врати во игра, па до крајот на полувремето резултатот беше во егал.
На стартот на вториот дел Алжирците се одлепија на три голови разлика, но Македонија ведшан ја анулира негативата и натпреварот повторно продолжи во ист тек.
За наша жал, во самиот финиш Џонов пропушти прилика да биде херој и да донесе нова победа за ракометарите кои вчера беа надмоќни против Грција со која славеа со 39:21.
Comments