top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија има кошаркарски таленти: „Ангелите“ Трпески и Димитровски режираа атрактивни забивања во

Македонија има кошаркарски таленти: „Ангелите“ Трпески и Димитровски режираа атрактивни забивања во НБА стил Младинскиот тим на КК Ангели се наптреварува во Втората македонска кошаркарска лига и стигна до третата победа во четири одиграни меча, откако изминатиов викенд на домашен терен не му даде никаква шанса на Црн Дрим.

Младите „ангели“ славеа со убедливи 95:63 во меч кој немаше голема резултатска неизвесност, но кој донесе две атракции кои потсетија на монструозните потези кои редовно се гледаат во НБА лигата.

Станува збор за кошаркарите Љубиша Димитровски и Давид Трпески, кои презентираа моќни забивања во дуелите со противничките кошаркари, кои едноставно немаа никаква шанса за одговор во дадените ситуации.

Интересно е тоа што се работи за двајца плејмејкери чија првична задача не е да се натскокуваат во рекетот, но младите играчи од генерацијата 2002-ра и 2003-та покажаа дека знаат да се снајдат и во улога на центри.

Димитровски погоди по атрактивен цепелин кој му го овозможи одличното додавање од негов соиграч, додека Трпески стави на „постер“ противник откако топката се одби од обрачот.



1 view

Comments


bottom of page