top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија и во следните две години ќе има директно место во ЛШ?

РАКОМЕТ

На новата ранг-листа, Македонија забележа пад од третото на четвртото место. Промена има и на врвот на листата, Германија се врати на врвот и доби две директни места во ЛШ, плус четири во ЛЕ, Франција падна на втората позиција и ќе има едно место во ЛШ и четири во ЛЕ…

Со завршувањето на сезоната, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави ранг-листата за дистрибуција на местата во Лигата на шампионите (ЛШ) и во Лигата на Европа (ЛЕ) за следната сезона, 2021/2022. Македонија во следната сезона ќе има директно место во ЛШ (Вардар) и три места во ЛЕ (Еурофарм Пелистер, Пролет и Металург). На новата ранг-листа, Македонија забележа пад од третото на четвртото место (за креирање на новото рангирање предвид се земаат резултатите во ЛШ и во ЛЕ од сезоните 2017/2018, 2018/2019 и 2019/2020).


Промена има и на врвот на листата, Германија (143,33 бода) се врати на врвот со шампионската титула на Кил за сезоната 2019/2020 и доби две директни места во ЛШ, плус четири во ЛЕ. Франција (127,83 бода) падна на втората позиција и ќе има едно директно место во ЛШ и четири во ЛЕ. Скок од две позиции забележа и Шпанија (97,50), која се искачи на третото место што ѝ носи едно директно место во ЛШ и три во ЛЕ. Пад од осмата на деветтата позиција бележи Хрватска, а по две места напредуваа Словенија, од 14-та на 12-та позиција и Србија, од 29-то на 27-то место. Според резултатите во претходните две сезони, Македонија, ќе има доволно бодови за пласман меѓу првите девет земји што добиваат директно учество во групната фаза на ЛШ.


1 view

Comments


bottom of page