top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија замина за Ереван со желба за полн плен и опстанок во играта за бараж

Фудбалската репрезентација на Македонија во полн состав замина за Ереван каде ќе игра со Ерменија и каде ќе се бори за победа во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година. Благоја Милевски одржа тренинг во Скопје, а потоа играчите со чартер-лет се упатија кон главниот град на Ерменија каде на „Републиканскиот стадион“ ќе се судрат со ривалот. Желба е три бода, со кои ќе се остане во игра за мундијалски бараж. Македонија за разлика од претходно ги нема Аријан Адеми, Ердал Ракип и Адис Јаховиќ кои се повредени, а на нивно место повикани се Енур Тотре, Јани Атанасов и Дориан Бабунски. На првиот меч нема да може да помогне и капитенот Стефан Ристовски кој има жолти картони. Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија ќе се игра в четврток од 18:00 часот.




1 view

留言


bottom of page