top of page
Search

Македонија загуби од Црна Гора на вториот контролен меч во Маврово

Македонската ракометна репрезентација доживеа минимален пораз од Црна Гора од 31-30 на вториот контролен меч што се одигра во Маврово.

Вчера нашата селекција ги надигра Црногорците со 38-33, но на денешниот тест кој беше од затворен тип гостите успеале да изборат триумф од еден разлика.

Со ова избраниците на Кирил Лазаров го завршуваат тест натпреварите за оваа календарска година, односно наредниот е оној ревијалниот, хуманитарниот со ветераните закажан за 3 јануари по што ќе следат пријателски со Хрватска и Израел.

Да потсетиме „црвено-жолтите“ на СП во Полска и Шведска се во група заедно со Норвешка, Аргентина и Холандија.


0 views
bottom of page