top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија загуби, но освои еден бод

ОДБОЈКА – ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпи првиот пораз во рамките на второто коло на новата сезона на Европската сребрена лига. Во групата Б, на гостувањето во Галаци, црвено-жолтите немаа сили за пресврт и минимално загубија од домаќинот Романија, со 2-3 во сетови (22-25, 17-25, 25-23, 25-19, 13-15).

Предводени од новиот селектор Ратко Павличевиќ, репрезентацијата на Македонија се врати во игра по негативата од 0-2 во сетови, освои два сета, израмни на 2-2, но не успеа да стигне до целосен пресврт, загубувајќи го петтиот, решавачки сет.

– Многу тежок натпревар. Се вративме во игра по 2-0 во сетови за противникот. Сепак, освоивме еден бод и тоа ни дава вистинска трка уште да се бориме за првото место, како и за пласман на фајналфорот во Унгарија – изјави репрезентативецот Столе Илиев.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најдобар во редовите на Македонија со 11 освоени поени, а кај Романците се истакна Адриан Ачобаниети, исто така, со 11 поени.

Во вториот натпревар на групата Б, селекцијата на БиХ на свој терен минимално ја победи репрезентацијата на Албанија, со 3-2 во сетови, добивајќи го решавачкиот сет со 15-8, откако претходно водеше со 2-1 во сетови.

Најдобрите две селекции од двете групи ќе се пласираат на фајналфор-турнирот во Унгарија, на 18 и 19 јуни, на кој веќе се пласираа Унгарија и Финска, од групата А.

Вкупниот победник на Европската сребрена лига ќе обезбеди учество во изданието на Европската златна лига, во 2023 година, објави Европската одбојкарска лига (ЦЕВ) на својата интернет-страница.

ГРУПА Б, 2. КОЛО

Романија – Македонија 3-2

БиХ – Албанија 3-2

ТАБЕЛА

Романија 2 2 0 6-3 5

Македонија 2 1 1 5-3 4

БиХ 2 1 1 3-5 2

Албанија 2 0 2 3-6 1

Идно коло (среда): Македонија – Албанија, Романија – БиХ.


4 views

Comments


bottom of page