top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија е на чекор до четврт-финалето

РАКОМЕТ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТКИ ВО СКОПЈЕ

Женската кадетска репрезентација на Македонија за ракометарки до 18 години одигра нерешено, 20-20, со Шведска, во првиот натпревар во првата група од главната фаза на Светското првенство (СП) што се игра во Скопје, и е на чекор до пласман во четврт-финалето. Бодот беше обезбеден речиси во последната секунда од натпреварот, кога Теодора Дукоска ја затресе противничката мрежа. Најефикасна ракометарка кај Македонките беше Ива Младеновска со пет гола, а голманката Јована Јовановска со 11 одбрани беше прогласена за ракометарка на средбата. Денеска црвено-жолтите девојки во СЦ „Борис Трајковски“ (20.30 ч.) ќе играат со Исланд и со најмалку еден освоен бод ќе се најдат во четврт-финалето. Во првото коло, Исланд го совлада Иран со 28-17 и веќе се пласира меѓу осумте најдобри на СП 2022. Од групата два, Данска и Египет обезбедија пласман во четврт-финалето откако ја совладаа Хрватска (29-23), односно Португалија (24-22). Преостанатите мечеви во групите три и четири се играат денеска и утре. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page