top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија е деветта во Европа, следен предизвик е СП 2025

23.07.2024 juli Vtornik

РАКОМЕТ – ЈУНИОРСКО КОНТИНЕНТАЛНО ПРВЕНСТВО ВО СЛОВЕНИЈА

Младинската машка репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство за ракометари до 20 години во Словенија, на дуелот со Франција со 30-29 и го освои деветтото место на годинашното континентално првенство. Македонските репрезентативци на ЕП 2024 одиграа вкупно осум натпревари, забележа пет победи, две ремија и еден пораз. За црвено-жолтите тоа беше шесто учество на европските младински првенства (најдобар пласман е четвртото место во 2002 година, а Македонија беше деветта и на ЕП 2000).Со високиот пласман на ЕП 2024 Македонија обезбеди настап на Светското првенство (СП) за ракометари до 21 година, кое треба да се игра во Полска в година. Тоа за Македонија ќе биде четврти настап на мундијалите, прв по тој во 2017 година, кога беше освоено шестото место (има и десетто во 2007 година и 15-то во 1997 година). На младинското СП 2025 ќе играат вкупно 32 репрезентации, а од Европа ќе настапат домаќинот, Полска, и првите десет селекции од ЕП 2024.Титулата европски првак ја одбрани Шпанија, за која тоа е четврти европски трофеј во оваа возрасна категорија (претходно славеше во 2012, 2016 и во 2022 година). Шпанија во финалето ја победи Португалија со 35-31. Двете селекции се сретнаа и во мечот за златен медал и во 2022 година, кога Шпанија славеше со 37-35. Годинава бронзениот медал го освои Данска, по победата на дуелот со Германија со 26-23.Пласман на ЕП 2024: Шпанија, Португалија, Данска, Германија, Шведска, Австрија, Исланд, Норвешка, Македонија, Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Полска, Словенија, Романија, Швајцарија, Фарски Острови, Чешка, Италија, Израел, Украина, Грција, Црна Гора. Н.М.


0 views

Comments


bottom of page