Македонија домаќин на ЕП, кадетите подготвени да се претстават во најдобро светло
- Aleksandar Santovski
- Aug 5
- 2 min read
05.08.2026 Avgust Sreda
Македонија е домаќин на нов кошаркарски настан, Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се одржи во Гевгелија и во Скопје.
Најдобрите млади европски селекции ќе се борат за пласман во елитната конкуренција, а македонските кадети ќе имаат чест и привилегија да ја претставуваат својата земја пред домашната публика.
По повеќенеделните подготовки, селекторот Дејан Стојановски истакнува дека националниот тим е подготвен да одговори на предизвикот и дека во составот се избрани играчи кои пред сè функционираат како вистински колектив.
-Работевме интензивно во текот на целиот подготвителен период. Немавме многу контролни натпревари, но затоа одработивме голем број квалитетни тренинзи и скримиџ натпревари. Ги избравме 12. играчи кои се борат еден за друг и кои ќе дадат сè од себе достојно да ја претстават Македонија“, вели Стојановски за сајтот на КФМ.
Селекторот потенцира дека оваа генерација поседува не само квалитет, туку и карактер, што го смета за еден од најважните предуслови за понатамошен развој.
„Имаме 12 одлични карактери и 12 талентирани кошаркари кои имаат потенцијал да напредуваат многу во иднина. Најважно е да продолжат да работат посветено и дисциплинирано.“
Настапот на Европското првенство на домашен терен претставува дополнителен мотив за младите македонски кошаркари.
„Горди сме што играме во својата земја. Тоа е чест, но и голема одговорност. Ќе направиме сè што е во наша моќ да ја претставиме Македонија во најдобро можно светло и да ја оправдаме довербата на сите што ќе бидат со нас. -порача предводникот на нашите надежи.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Нашата машка кадетска репрезентација ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 6. август (четврток), од 18.30 часот, кога во спортската сала „26.април “ во Гевгелија, следува натпреварот против селекцијата на Кипар.
Наредниот ден, на 7.август, во истиот термин, од 18.30 часот, на истото место, Македонија ќе игра против селекцијата на Исланд, а 24.часа подоцна, нашите кадети ги чека средбата со селекцијата на Хрватска.
По еден ден пауза, на 10.август, повторно од 18.30 часот, за противник ја имаме репрезентацијата на Швајцарија, а групната фаза на првенството која Македонија ќе ја игра во Гевгелија, ќе ја затвориме со дуелот против соодветната селекција на Украина.
Во зависност од пласманот во групата „Б“, во наредната фаза ќе ги чекаме противниците за оној втор, елиминациски дел.
Инаку, натпреварите се играат во спортската сала „НБ Ноел“ и спортската сала 26.април“ во Гевгелија и во спортскиот центар „Т Арена“ во Скопје.
МАКЕДОНИЈА „ПОД 16“ НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ ВО ГЕВГЕЛИЈА И СКОПЈЕ
Александар Зунзуровски бек
Илија Коневски бек/крило
Александар Котевски крилен центар
Јосиф Џолев центар
Давид Ристов крило
Филип Ѓорѓиевски бек
Михаил Анѓеловски бек
Војдан Стаменковски бек
Дион Шабани крило
Игор Трајчев крило
Рон Јетиши крило
Хамза Драголовчанин центар
СЕЛЕКТОР: Дејан Стојановски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Павел Вилев
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Еркан Исмаили
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Александар Спирковски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Живко Старделов
КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Филип Колевски
ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Сара Ѓорѓевска
ПРИДРУЖЕН СУДИЈА: Алија Феревски






Comments