top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија денеска ќе ги дознае ривалите за пласман на ЕП 2026

РАКОМЕТ – ЖДРЕПКА ВО КОПЕНХАГЕН

21.03.2024 Mart Cetvrtok

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година во Данска, Шведска и во Норвешка. Според Европската ракометна федерација (ЕХФ), предвидено е ждрепката да се одржи денеска во Копенхаген (Данска), од 16.30 часот. Црвено-жолтите се сместени во вториот, од вкупно четирите барабани, заедно со селекциите на Полска, Чешка, Србија, Црна Гора, Австрија, Грција и на Фарски Острови и со овие репрезентации не можат да се сретнат на патот за настап на деветтиот континентален шампионат.– Од првиот барабан добро би било да се Исланд или Словенија, поради тоа што Македонија знае да игра со нив, а и во изминатите години сме го потврдиле тоа. Од третиот барабан ја посакувам Швајцарија, само поради тоа што сакам сите да веруваат дека победата на последното Европско првенство не беше случајна. И од четвртиот барабан би сакал ривал да ни биде Финска или Израел. Се разбира, секогаш се надевам и правам сѐ што можам за Македонија да го задржи тој успех што го има со континуираниот настап на европските првенства и да оди напред – вели десниот репрезентативен бек Мартин Серафимов.Вкупно 32 репрезентации се во квалификациите, а директен пласман обезбедија домаќините на ЕП 2026 и европскиот првак Франција. Ќе има вкупно осум квалификациски групи, а настап на ЕП ќе обезбедат двете најдобропласирани од секоја група, како и четири најдобри меѓу третопласираните од сите групи, или вкупно 20 селекции.На ждрепката во Копенхаген ќе се приклучат и четворица поранешни ракометари што ќе ги извлечат квалификациските групи, и тоа Норвежаните Хавард Тведен, Љубомир Врањеш, како и поранешните дански ракометари Томас Могенсен и Ларс Кристијансен. Г.И.СОСТАВ НА БАРАБАНИТЕ

1: Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија2: Македонија, Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција3: БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија


1 view

Comments


bottom of page