top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија денеска вторпат ќе игра тест-меч со Србија

Updated: Dec 1, 2021

29.11.2021 Noemvri Ponedelnik

РАКОМЕТ

Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби првиот од двата пријателски меча со Србија (25-32), кој се одигра во Стара Пазова, а во рамките на подготовките на Србија пред настапот на претстојното Светско првенство (СП), во Шпанија. Иако по првите 30 минути Македонките постигнаа двојно помалку голови (10-20), сепак во вториот дел беа подобри и го добија со 15-13. Прв стрелец на средбата беше Моника Јаневска, со девет погодоци. Вториот контролен натпревар меѓу двете селекции треба да се одигра денеска, исто така во Стара Пазова, кој повторно ќе биде од затворен тип. Како што информираат од Ракометната федерација на Србија, на средбата присуствувале раководствата на двете федерации, а во пресрет на натпреварот била одржана и заедничка средба, на која се разговарало за меѓусебна соработка на полето на помладите играчки категории и тренерскиот кадар. СП ќе се игра од 1 до 19 декември годинава, а Србија е во групата Б заедно со селекциите на Русија, Камерун и на Полска. Македонија не обезбеди пласман на СП 2021.


1 view

Kommentarer


bottom of page