top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија го преслуша Исланд во Скопје, обезбеди бараж за СП во Катар (Видео)

Updated: Nov 16, 2021

14.11.2021 Noemvri Nedela

Македонската фудбалска репрезентација ја искористи големата шанса на домашен терен и со победа над Исланд (3:1), обезбеди бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски тргнаа офанзивно пред околу 20.000 гледачи на арената „Тодор Проески“, а веќе во седмата минута Езѓан Алиоски ја донесе посакуваната предност.

Алиоски влезе од својата лева страна и шутираше силно на првата статива, совладувајќи го исландскиот голман Олафсон.

Во 40. минута од средбата, Дарко Чурлинов ја затресе мрежата на Исланѓаните, судиите покажаа офсајд, а деталната ВАР анализа покажа дека имало минимален офсајд изразен во сантиметри.

Предноста од 1:0 на полувреме, Македонија ја имаше до 55. минута кога Исланѓаните успеаја да израмнат со голот на Торстеинсон во 55. минута.

Но, избраниците на Милевски брзо се вратија од шокот, па по неколку блокирани удари, Елиф Елмас во 65. минута собра еден отпадок во шеснаесетникот на Исланд, се снајде подобро од противничките дефанзивци и ја врати Македонија во водство.

Исландскиот репрезентативец Јоханесон за само единаесет минути заработи два жолти картони, а во 79. минута, задржувањето на Елмас со раце значеше црвен картон. Македонија со фудбалер повеќе на теренот успеа да најде нова дупка во противничката одбрана, а Елмас со својот втор погодок зголеми на 3:1.



Стисни на знакот во средина и гледајте го целиот натпревар помегу македонија и Исланд во Скопје на Арената Тодор Проески каде заврши со резултат 3-1 и каде со историска победа одиме бо бараж за квалификации на светско првенство во Катар 2022 година




4 views

Commentaires


bottom of page