Македонија го одигра најдоброто полувреме, но не успеа да ја изненади Романија
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2022
- 1 min read
Македонската женска ракометна репрезентација одигра одлично прво полувреме во дуелот со Романија, но не успеа да ја оствари првата победа (23:31) на актуелното Европското првенство.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски успеаја да му парираат на фаворитот во првите триесет минути, долго време се играше гол за гол, за на крајот Романија да обезбеди минимална предност на паузата (12:13)
Македонија не го задржа истиот ритам и во вториот дел, па Романија стигна до посериозна предност и на крајот славеше со 23:31.
Дабевска со 7 и Маџовска со 6 гола беа најефикасни во македонскиот состав, додека Неагу доминираше кај Романките со 10 погодоци.
Ваквиот епилог значи дека Македонија го заврши настапот на ЕП на последното место во својата група, додека Романките одат во следната фаза како третопласирани.

Comments