Македонија го крева ритамот пред Шкотска – секој тренинг е важен во пресрет на големиот предизвик (ФОТО)
11.11.2026 Noemvri Sreda
Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за дуелот со Шкотска во Лигата на нации. Националниот тим го одработува вториот ден од тренинзите, а фокусот постепено се насочува кон деталите што можат да бидат пресудни на претстојниот натпревар.
Секој собир носи нова можност за воигрување, усовршување на тактичките замисли и дополнително подигнување на атмосферата во тимот. Пред избраниците е сериозен испит против квалитетен противник, кој бара максимална концентрација и дисциплина во текот на сите 90 минути.
Македонија сака подготвена да го дочека предизвикот и на теренот да покаже дека има сили да се надигрува со Шкотланѓаните. До натпреварот останува уште време за финално дотерување на формата, а секој одработен тренинг е чекор поблиску до посакуваното издание.
Македонската репрезентација на 13 ноември ќе се соочи со Шкотска во Глазгов. Мотивот е дополнително засилен од желбата да се прекине лошата серија и на резултатски на голгетерски план со оглед на тоа што нашиот национален тим безмалку една година е без постигнат погодок.
По гостувањето во Шкотска, нашата селекција на 16 ноември ќе ја пречека Словенија во Скопје, со што ќе го затвори овој циклус во Лигата на нации.












Comments