Search
Македонија го исфрли европскиот првак: Неизмерна среќа по конечниот свиреж (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2022
- 1 min read
Updated: Mar 25, 2022
24.03.2022 Mart Cetvrtok
Најголемата победа во историјата на македонската фудбалска репрезентација се случи во Палермо, каде избраниците на Благоја Милевски успеаја да ја шокираат Италија и да ја остават без пласман на Светското првенство.
Среќата по голот на Александар Трајковски во надополнувањето од мечот беше неизмерна. Уште поголемо славје македонските фудбалери заедно со селекторот направија по конечниот судиски свиреж на „Ренцо Барбера“.
Овој успех беше остварен без Ељиф Елмас, кој поради жолти картони не можеше да игра во полуфиналето. Затоа ќе биде големо засилување за дуелот против Португалија за четири дена.
Видеото е од англиски коментатор

Comments