top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија ги почна подготовките за тест-мечевите со првакот на Африка

01.11.2021 Noemvri Ponedelnik

РАКОМЕТ – НЕДЕЛА НА ЕХФ

Според планот, вчера во Скопје селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров требаше да ја има првата прозивка на списокот со 22 ракометари за претстојната недела на Европската ракометна федерација (ЕХФ), за мечевите со шампионот на Африка, Египет, кој го предводи шпанскиот селектор Роберто Гарсија Парондо. Двата меча се закажани за петок и сабота во Каиро. Сепак, поради фактот што имаат натпревари во своите лиги, средниот бек Филип Миркуловски, пикерот Жарко Пешевски, кои играат во Германија, и голманот Никола Митревски во Португалија, Лазаров не може да смета на нив во првиот ден, но се очекува тие денеска да ѝ се приклучат на македонската репрезентација. Овие дуели се и во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство (ЕП), кое треба да се одржи во Унгарија и во Словачка, во 2022 година, каде што Македонија ќе настапи во Дебрецин, во групата А, со селекциите на Словенија, Данска и на Црна Гора. Поради повреда на коленото, на ЕП нема да настапи левото крило Дејан Манасков, што ќе претставува голем хендикеп. Повикани ракометари: Никола Митревски, Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Анастасиевиќ, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓорѓиев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Марко Митев, Кристијан Симоновски. Резерви: Тоше Ончев, Дарко Димитриевски, Горан Крстевски, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Костадин Петров, Мартин Поповски, Дарко Кондев, Петар Атанасијевиќ, Марко Кизиќ.


1 view

Comments


bottom of page