top of page

Македонија во програмата на НАСА: Се појавија првите снимки од лансирањето на ракетата АНГАРА 5

Се појавија првите снимки од лансирањето на ракетата АНГАРА 5.

Според неофицијални информации, ракетата е лансирана пред само неколку денови, од тајна локација која се шпекулира дека се наоѓа во јужниот дел на Русија.

Официјалното лансирање на АНГАРА 5 според првичните информации беше планирано да се случи во 2024, но по се изгледа претходно најавеното тест-лансирање, е всушност почетокот на мисијата на ЕСА (Европската Вселенска Агенција) и РОСКОСМОС.

Неофицијално екипажот на АНГАРА 5 е сочинет од американски астронаут од НАСА, руски космонаут од РОСКОСМОС, и македонски астронаут назначен од страна на Европската Вселенска Агенција (ESA).

Доказ за македонскиот астронаут е и снимката која се појави каде тој праќа поздрав, а на неговото рамо на вселенскиот скафандер стои македонското знаме.

Иако се уште не е позната и јавно објавена мисијата на екипажот, по разни социјални мрежи кружат гласини дека ракетата е предвремено лансирана кон месечината.

Ова би било клучно за АРТЕМИС мисијата на НАСА, за испитување на околината и можните ризици за мисијата, планирана за во 2025, за кои подготовките се веќе во тек.

Објавените информации од НАСА на 24 Август 2021 истакнуваат дека месечината е избрана за повеќе практични причини за да се овозможи вселенско патување, но и да се колонизира самата месечина.

Дали македонскиот астронаут Марјан Спировски, засега се уште непознат за јавноста, е навистина дел од испишувањето на оваа историја за светот ?

Сепак, Марјан е нека биде вашиот мотив да учите, да бидете креативни и да го остварите вашиот сон.




 
 
 

Comments


bottom of page