Македонија во Кардиф за „круна“ на квалификациите и полесен бараж-ривал Македонија-Велс фудбал кавлификации за светско првенство 2026
- Aleksandar Santovski
- Nov 18
- 2 min read
18.11.2025 Noemvri Vtornik
Никогаш досега репрезентацијата на Македонија не настапила на Светско првенство, но сега е близу до уште еден бараж. Избраниците на Благоја Милевски ја држат судбината во свои раце доколку во последното коло од групната фаза го совладаат или ремизираат со Велс во Кардиф (вторник, 20:45), ќе обезбедат пласман во баражот за Мундијалот 2026 во Северна Америка преку третиот шешир. Пораз, пак, носи бараж преку четврти шешир и автоматски дава потешки ривали како Италија, Турција...
Тоа е најмалку што го заслужија нашите фудбалери по досегашниот феноменален настап во квалификациите. Македонија сè уште не знае за пораз, има три победи и четири ремија. Откако Велшаните победија минимално во Вадуц против Лихтенштајн стана јасно, на Македонија ѝ одговара и реми за втората позиција во групата.
Пред четири години Македонија играше во баражот за Светското првенство, каде што сензационално ја елиминираше Италија (1-0), но потоа на последната пречка беше запрена од Кристијано Роналдо и неговата Португалија. Овојпат би можела да има полесен пат, но најпрво треба да се завршат квалификациите за да се добие јасна слика.
Велс досега настапил на два Мундијали во 1958 година во Шведска и во 2022 година во Катар. Ова ќе биде клучен меч и за „змејовите“, па се очекува многу возбудување. Досега овие две селекции се сретнале трипати, при што забележаа по една победа на двете страни и едно реми.
Во првиот дуел од овие квалификации, одигран на 25 март во Скопје, немаше голови до 91. минута, а потоа во судиското продолжение паднаа два. Бојан Миовски донесе водство за Македонија, но вреден бод за Велс спаси Дејвид Брукс со погодок во 96-тата минута. Претходно, двете репрезентации се сретнаа и во квалификациите за Мундијалот во 2013 година. И тогаш секоја селекција го бранеше домашен терен. Македонија победи со 2-1, а Велс со 1-0, при што победите ги решаваа голови постигнати во второто полувреме.






Comments