top of page

Македонија во група со БиХ, Турција и Романија на одбојкарската кадетска Балканијада

03.07.2025 Juli Cetvrtok

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија во групната фаза на Балканскиот шампионат што од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука.

Македонските одбојкари се дел од групата А, додека во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.

Македонија во првото коло од групната фаза на 9 јули ќе игра против Босна и Херцеговина, а ден подоцна ќе се соочи со Романија.

На 11 јули, во последното коло од групата противник на македонските одбојкарски кадети ќе биде Турција. 


 
 
 

Comments


bottom of page