top of page

Македонија веќе е во баражот, сега следува борба за подобра стартна позиција (Фото)

14.10.2025 Oktomvri Vtornik

Компјутерските пресметки веќе сместија четири репрезентации во европските баражи за пласман на Светското првенство 2026. Една од нив е и Македонија, без разлика дали тоа ќе биде преку второто место во групата или преку Лигата на нации.

Пресметките велат дека 100% пласман во баражот имаат Чешка, Шведска, Македонија и Велс, а најблиску да им се придружат се Полска, Романија, Северна Ирска и Италија.

Воедно помеѓу овие репрезентации и ќе се бараат можните противници на Македонија на патот до пласман на Мундијалот, иако во ова друштво може да бидат и Турција, Украина, Шкотска, Унгарија, Албанија ….

Сепак, нашата цел сега е второто место во групата, што би значело и влез најмалку во третиот шешир, дури можеби и во вториот, зависно од разврската во другите групи. Пласман во баражот преку Лигата на нациите автоматски значи и место во четвртиот, воедно и најслаб шешир, а за противник би имале една од четирите најквалитетни репрезентации.

ree

Првото полувреме Македонија го одигра лошо и тој период го одреди понатамошниот тек од натпреварот.


Селекторот Благоја Милевски ја призна грешката, рече дека направил грешка со почетниот состав. Во неговата омилена формација 3-5-2, играше Ристовски и Миовски.

„Влеговме малку нервозно во натпреварот, можеби и малку се почувствува заморот, но, сепак, сакам да им честитам на фудбалерите за сѐ што дадоа на овие два меча против Белгија и вечерва против Казахстан. Со изданието во вториот дел поблиску бевме до победа, меѓутоа не успеавме. Ако сега ме прашувате, на стартот немаше да играм со таа формација. Потоа направивме промени на полувремето и во вториот дел делувавме многу подобро. Миовски принудно играше на странична позиција, но бргу мораше да се направи корекција. Ако не го сменивме системот ќе морав да направам замена уште во 15-тата минута“, изјави Милевски на прес-конференција.


 
 
 

Comments


bottom of page