Македонија атакува на победа против Казахстан во фудбал на Тодор проескиАрената во Македонија Скопје 13.10.2025 Октомври Понеделник
- Aleksandar Santovski
- Oct 13
- 1 min read
13.10.2025 Oktomvri Ponedelnik
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026-та.
На арената „Тодор Проевски“ во Скопје, македонските фудбалери ќе го пречекаат Казахстан.
По големиот освоен бод на гостувањето во Белгија, македонските фудбалери и натаму се први на табелата во Ј групата. Црвено-жолтите имаат бод повеќе од Белгијците, а два од Велс, селекции кои вечерва ќе играат меѓусебно.
За да се задржи „пол позицијата“ пред одигрувањето на последното коло во ноември, Македонија вечерва мора да победи.
Впрочем, само на триумф размислуваат македонските фудбалери, кои очекуваат и голема поддршка од трибините на арената „Тодор Проевски“.„Нашата цел е јасна – да излеземе на терен и да победиме.Очекувам голема поддршка од навивачите, се надевам дека ќе бидат во што поголем број на стадионот за да ни дадат дополнителна сила.Секако дека постои разлика меѓу Белгија и Казахстан, но тоа не значи дека ќе биде лесно. Со помош на публиката верувам дека ќе стигнеме до поволен резултат, а тоа, секако, е победа за нас“, изјави голманот Столе Димитриевски.
Натпреварот ќе почне во терминот од 20.45 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ






Comments