top of page
Search

Македонијa е меѓу најдобрите 16 во светот

25.06.2024 Juni Vtornik

РАКОМЕТ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЈУНИОРКИ ДО 20 ГОДИНИ ВО СКОПЈЕ

Женската јуниорска репрезентација на Македонија за ракометарки до 20 години, со победата во третиот натпревар во групата Х, над селекцијата на Ангола, со 28-24, обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации на 24. Светско првенство (СП) што се игра во Скопје, второ на кое настапуваат 32 репрезентации.Македонија во трите меча на групата Х оствари победа и на дуелот со САД (32-15), а загуби од Исланд (17-29), со што го освои второто место и ќе почне без бодови во втората групна фаза, каде што за ривали ќе ги има репрезентациите на Португалија и на Црна Гора. Натпреварите од главната фаза почнаа вчера, а Македонките првиот меч ќе го играат денеска со Португалија (16.15 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“.– Знаевме дека со Ангола нема да биде лесен мечот. Многу сум среќен за девојките, го испочитуваа тоа што се договоривме, ги издржаа сите пехови што ни се случија пред почетокот и за време на СП. Повредите на главните ракометарки малку нѐ ставија во незавидна ситуација, но, сепак, сѐ излезе најдобро за нас. Размислуваме за следната рунда во која ќе одиме од меч во меч, нормално е дека сакам победи – изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Дарко Јанев.Вкупно 13 македонски ракометарки се впишаа во листата на стрелците досега на СП 2024, а засега најмногу голови постигна десниот бек на француски Брест, Ива Младеновска (16 погодока), а ја следат Емилијана Ризоска (14), Борјана Коцева (13) и Сара Стефаноска (девет). Македонија во трите кола во првата групна фаза на СП 2024 постигна вкупно 77 гола, а прими 68. Најефикасна селекција во прелиминарната фаза е Унгарија со 125 погодока, а таа има и најмалку примени голови, 48.По комплетирањето на трите кола, двете првопласирани селекции од секоја група продолжија во главната рунда, а двете послаби ќе играат во Президент-купот. Од главната рунда, пак, по две селекции од секоја од четирите групи ќе се пласираат во четврт-финалето, а другите ќе разигруваат за пласман.Натпреварите се играат во Скопје, во три сали, а црвено-жолтите настапуваат во СЦ „Борис Трајковски“, каде што ќе се одвиваат и мечевите од завршната фаза на годинашниот Мундијал. Се игра и во двете сали на СЦ „Јане Сандански“.Актуелен светски јуниорски првак е репрезентацијата на Норвешка, а титулата ја освои на Светското првенство во 2022 година во Словенија, совладувајќи ја во финалето селекцијата на Унгарија со 31-29, а трета на тој Мундијал беше Холандија, која славеше на натпреварот за бронзениот медал со Шведска, со 31-20.Македонија досега настапила на три јуниорски светски првенства, во 1995 година во Бразил го освои 17. место, во Скопје во 2003 година беше на осмото место и пак во Скопје, во 2008 година, го освои 18. место. Г.И.ГРУПА А

Холандија 3 3 0 0 95-56 6Романија 3 2 0 1 85-69 4Бразил 3 1 0 2 74-80 2Иран 3 0 0 3 26-67 0ГРУПА БШвајцарија 3 3 0 0 112-59 6Египет 3 2 0 1 73-71 4Тунис 3 1 0 2 96-87 2Чиле 3 0 0 3 55-119 0ГРУПА ЦУнгарија 3 3 0 0 125-48 6Ј. Кореја 3 2 0 1 83-83 4Аргентина 3 1 0 2 93-88 2Мексико 3 0 0 3 46-128 0ГРУПА ДДанска 3 3 0 0 117-69 6Норвешка 3 2 0 1 95-75 4Јапонија 3 1 0 2 92-98 2К. Тајпеј 3 0 0 3 57-119 0ГРУПА ЕШведска 3 3 0 0 104-61 6Кина 3 2 0 1 84-73 4Чешка 3 1 0 2 73-72 2Алжир 3 0 0 3 39-94 0ГРУПА ФФранција 3 3 0 0 89-71 6Германија 3 2 0 1 95-74 4Шпанија 3 1 0 2 84-76 2Србија 3 0 0 3 54-101 0ГРУПА ГПортугалија 3 3 0 0 110-74 6Црна Гора 3 2 0 1 121-69 4Гвинеја 3 1 0 2 78-103 2Узбекистан 3 0 0 3 85-122 0ГРУПА ХИсланд 3 3 0 0 89-56 6Македонија 3 2 0 1 77-68 4Ангола 3 1 0 2 67-60 2САД 3 0 0 3 43-92 0ГЛАВНА ГРУПНА ФАЗА

ГРУПА 1Холандија – Египет вчераШвајцарија – Романија вчераТабела: Швајцарија 2 бода, Холандија 2, Романија 0, Египет 0.ГРУПА 2Унгарија – Норвешка вчераДанска – Ј. Кореја вчераТабела: Унгарија 2, Данска 2, Норвешка 0, Јужна Кореја 0.ГРУПА 3Шведска – Германија 16.15 ч.Франција – Кина 18.30 ч.Табела: Шведска 2, Франција 2, Германија 0, Кина 0.ГРУПА 4Португалија – Македонија 16.15 ч.Исланд – Црна Гора 18.30 ч.Табела: Исланд 2, Португалија 2, Црна Гора 0, Македонија 0.


0 views

Commenti


bottom of page