top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Македонида“ прогласена за најдобра организација во Европа

Невладината организација „Македонида“, чиј основач и претседател е Панче Велков, беше прогласена на најдобра организација за месец септември во Европа, од страна на мрежата „Фјучр оф релиџис херитиџ“ – (ФРХ), (Иднината на религиозното наследство). Ова е објавено во месечниот билтен за минатиот месец, каде што беше објавена и статијата на Панче Велков за драматичната состојба на културното наследство во црквата „Успението на Света Богородица“ во манастирот Трескавец, Прилепско.

– ФРХ опфаќа над 150 организации во цела Европа, а нејзина основна задача е да се грижи за зачувување на религиозното наследство на Стариот Континент. „Македонида“ е нејзина членка веќе 10 години. Во последниот билтен е објавена и мојата статија за жалната состојба на иконите и фреските во македонските цркви, а особено во манастирот Трескавец и мора веднаш да се реагира тие да се спасат од уништување. Поточно, станува збор за црквата „Успението на Света Богородица“, која датира од 14 век. Црквата, иако единствена по своите архитектонски и иконографски карактеристики, е занемарена со години и е во многу лоша состојба, како во внатрешноста така и во структурата – апелира Велков.

Тој веќе работи на нов проект, од голема важност за нашата земја, за инвентарот на византиските цркви во Охрид, поддржан од американска фондација „Драјахаусмод“ од Чикаго.

– Веќе почнавме со теренски активности поврзани со реализацијата на многу значаен проект за инвентарот на средновековните цркви во Македонија, пилот-проект, што најпрво ќе се реализира во Охрид. Ќе отвориме и веб-сајт, каде што ќе бидат објавени публикации за сите цркви, ги има вкупно 30 – открива Велков.


5 views

Comments


bottom of page