top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Македокс“ промовира прирачник

Здружението за промоција на документаристиката „Македокс“ – Скопје, во изминативе два месеца го реализира пилот-проектот „Користење на документарниот филм како алатка во наставата во средното образование“, како дел од фондот „Градење мостови“ на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во киното „Фросина“ на МКЦ, на 18 декември, направи и завршна проекција на долгометражниот документарен филм „Боговите од Моленбек“ (Aatos ja Amine, 2019, Белгија, 73’), во сценарио и режија на Риета Хутанен, кој во 2019-та освои две награди на фестивалот „Македокс“, и претставување на моделот за работа. Професорите во соработка со тимот од „Македокс“ работеа на создавање модел-лекции за два документарни филма, кои можат да се користат како алатки во наставата. Во оваа фаза на реализација учествуваа 11 професори од средни училишта, кои предаваат на македонски и албански наставен јазик.

За професорите од средните училишта што присуствуваа беа обезбедени прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите, на македонски, албански и на турски јазик.


0 views

Comments


bottom of page