top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадс Микелсен против методично глумење: претенциозно е

Американските и некои британски актери често во интервјуата зборуваат за методската техника на глума. Од Бенедикт Камбербач во „Моќта на кучето“ до Лејди Гага и Џаред Лето во „Куќата Гучи“, но Данецот Мадс Микелсен не е воодушевен од ваквиот начин на припрема за улога. Во интервју за британскиот магазин „Џеј-кју“, Микелсен рече дека сето тоа е глупост нарекувајќи го пристапот претенциозен. Методска глума е техника што ја користат актерите за целосно емотивно да се идентификуваат со луѓето и ликовите што ги глумат. Актерот се стреми целосно да се идентификува со ликот што го глуми и физички и ментално. И долго време останува во улогата на ликот што го глуми, па дури и надвор од сетот. Всушност, Микелсен во текот на својата кариера научи многу нови вештини, странски јазици, јавање или мечување за своите улоги, но никогаш не користел методично глума. „Тоа е глупост. Можеш да ја доведеш подготовката до ниво на лудило. А што ако филмот е лош, што си постигнал? Треба ли да ме импресионира тоа што никогаш не сте излегле од улогата? Треба да излезете од улогата уште на почетокот. Како се подготвувате за улога на сериски убиец? Дали ќе поминете две години подготвувајќи се за тоа?“, вели Микелсен во интервјуто. „Тоа нема врска со квалитетот на глумата“, додава тој обвинувајќи ги медиумите дека ги изедначуваат методските глупости со вистинските актерски способности. „Медиумите тоа го доживуваат како ‘боже мој, тој ја сфатил улогата толку сериозно, фантастичен е, ајде да му дадеме награда’. И сите знаат за тоа и така тоа станува голема приказна“. И додека овој пристап го прославија актерските легенди како Роберт де Ниро и Даниел Деј Луис, Микелсен нагласува дека тоа нема никаква врска со квалитетот на нивната глума и дека со задоволство би соработувал со нив.



3 views

Comments


bottom of page