top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадс Микелсен го исполнил својот детски сон со појавувањето во „Индијана Џонс“

Мадс Микелсен го исполнува сонот од детството глумејќи во филм за познатиот археолог авантурист Индијана. 57-годишниот актер, кој го глуми негативецот Јирген Волер во новиот филм „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“, објасни дека улогата има дополнително значење бидејќи целиот свој живот бил фан на серијалот што го води Харисон Форд. Во интервју за „Ентертејнмент викли“, Мадс изјави: „Кога бев млад, немав поим дека ќе станам актер. Ги гледав овие филмови како и сите други. Тоа отсекогаш беше дел од мене, така што особено важно за мене е да бидам дел од овој серијал сега, 40 години подоцна“. Ликот на Мадс е поранешен нацист, кој станал научник и математичар, но тој и режисерот Џејмс Манголд се согласија дека антагонистот не треба да има целосно германски акцент.



0 views

Comments


bottom of page