Search
Мадона со милениумско розова коса на 64 години
Мадона се чини дека гледа на ведрата страна од животот, коментираат таблоидите, објавувајќи фотографии од неа додека влегува на меѓународниот аеродром ЏФК во Њујорк со свежо бојадисана коса. Кралицата на попот (64) неодамна си ја бојадиса косата во нијанса позната како Millennial pink или милениумска розова поради популарноста кај помладата генерација. На фотографиите објавени во неделата музичката ѕвезда е во лежерно издание – темен дуксер со качулка и долни тренирки. Мадона, која медиумите ја опишуваат како вечно млада во срцето, во петокот на својата страница на „Твитер“ ги израдува фановите дека е повторно во студио за снимање и работи на нов музички проект.
Comments