top of page

Мадона се раздели од 28-годишниот партнер

Мадона стави крај на тригодишната врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, пишува „Сан“. 63-годишната поп-икона наводно решила да ја прекине романсата со 28-годишниот танчар поради работните обврски. „По разделбата, таа се гледа со пријателите и семејството“, тврди извор за весникот „Сан“. „Има преполн распоред, работи на претстојниот биографски филм, нова музика и се грижи за своето семејство. А што се однесува на врската со Ахламалик, има многу љубов, но засега тие одлучија да се разделат“. Ахламалик се иселил од куќата на Мадона. „Тие сè уште се во добри односи и нема лутење, но тие не се на исти места со нивните животи“, рече инсајдерот. „Поминаа месеци заедно на турнеја и во самоизилација, но сега тој се исели од нејзиниот дом“.

ree

ree

 
 
 

Comments


bottom of page