top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадона се држи за рака со своето 27-годишно момче на аеродром во Њујорк

15.07.2021 Juli Cetvrtok

Седумкратната добитничка на Греми Мадона се држеше за рака со својот партнер Ахламалик Вилијамс на аеродромот Џон Ф. Кенеди (JFK) во Њујорк во вторникот. 62-годишната кралица на попот е 35 години постара од танчерот од Сакраменто, со кого започна врска во 2018 година. Мадона е со нејзината омилена фризура со плетенки, а на себе има црна качулка со принт од цртани филмови, соодветни шорцеви под зимско палто и чизми. Ахламалик имал само 20 години кога суперѕвездата го ангажирала во 2015 година да танцува во текот на нејзината светска турнеја Rebel Heart („Бунтовничкo срце“) во која имаше 82 настапи во Северна Америка, Азија, Европа и Океанија. Во понеделникот, Material Girl ги анкетираше своите фанови да ѝ помогнат да одлучи дали да го прослави роденденот во Лисабон или Рио де Жанеиро. Таа ќе полни 63 години на 16 август.




2 views

Comments


bottom of page