Мадона самата ќе снима биографски филм: Никој не може да ја раскаже мојата приказна, освен јас
Мадона е решена самата да го сними својот биографски филм бидејќи мизогини мажи и женомрзци се обидувале да снимат филмови за неа. Кралицата на попот (63) вели дека ѝ ги кинеле екстремитетите работејќи на филмот за својот живот и кариерата. Во интервју за „Вараети“ таа рече: „Јас се откажав од тоа некој друг да снима филм за мојот живот“. Објавено е дека ѕвездата на „Измислување на Ана“, Џулија Гарнер (28), ќе ја портретира хитмејкерката, иако сè уште ништо не е потврдено. А Мадона открива дека решила да го сними филмот затоа што ѝ е преку глава од мажите што сакаат да ја раскажат нејзината приказна на мизогински начин. „Имав извонреден живот и морам да снимам извонреден филм“, рече таа. „Тоа е и превентивен удар бидејќи многу луѓе се обидуваа да снимаат филмови за мене. Претежно мизогини мажи. Затоа ја ставив ногата на врата и реков: „Никој нема да ја раскаже мојата приказна, освен јас“.
Comments