top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадона пренесена во болница на интензивна нега откога била пронајдена без свест

Мадона итно била пренесена во болница во Њујорк во саботата кога било откриено дека не реагира, односно дека е без свест, дознава „Пејџ сикс“. Овој извор пренесува дека поп-кралицата (64) била интубирана најмалку една ноќ пред да ѝ ја извадат цевката – и таа сега е будна и закрепнува. Нејзината ќерка Лурд Леон цело време била покрај неа. Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Осеари, сподели на „Инстаграм“ во средата дека неговата клиентка развила сериозна бактериска инфекција, што довело до неколкудневен престој во одделот за интензивна нега.


2 views

Comments


bottom of page