top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадона првпат го покажа своето лице без филтри и шминка

Поп-кралицата Мадона станува сè поактивна на „Тик-ток“, каде што ја следат повеќе од три милиони луѓе. Меѓу видеата што неодамна ги сподели за своите следачи има и едно без шминка. По интензивните критики и негативни коментари за филтрите што ги користи на социјалните мрежи и кои целосно ѝ го менуваат изгледот, Мадона реши на фановите да им го покаже своето лице без шминка и апликации за разубавување. Видеото има 14,8 милиони прегледи во три дена. „О, боже мој. Зошто го направи тоа? Не знам“, вели Мадона во видеозаписот алудирајќи на своето лице. Видеото собра над 11.000 коментари. Ова се дел од коментарите на корисниците на популарната социјална мрежа: „Славните личности деновиве ме потсетуваат да го ценам процесот на стареење. Стареењето е прекрасно“, „Мислев дека ова е уште едно читање тарот, потоа сфатив дека тоа е Мадона“, „Ти благодариме што не користеше филтри на ова видео. Ја сакаме вистинската ти“, „Убава си без сите тие филтри“, „Конечно, го гледаме твоето вистинско лице“. Инаку, пејачката често ја обвинуваат за прекумерен фотошоп и користење филтри до таа мера што изгледа непрепознатливо. Сите се прашуваат што точно пејачката направила на лицето и изгледа толку чудно. Прекуокеански хирурзи неодамна разговараа со „Пејџ сикс“ и откако ги проучија нејзините фотографии, објаснуваат какви операции можеби имала ѕвездата. „Кога првпат ја видов објавата, како и многу други, бев многу изненаден од тоа како изгледа“, рече доктор Ехсан Али, извршен директор на Beverly Hills Concierge Doctor and Urgent Care, пред да додаде дека може да разликува околу девет процедури на нејзиното лице. „Таа дефинитивно има направено фејслифтинг, нејзината кожа е затегната и цврста, без опуштеност или брчки. Подигнувањето на лицето го менува и обликот на очите на Мадона, тие се повлечени нагоре. Исто така, таа дефинитивно го оперирала носот. Нејзиниот нос изгледа многу тесен со зашилен врв. Да не го спомнуваме и ботоксот, кој најверојатно го има аплицирано во големи дози“, вели доктор Ехсан Али.




1 view

Comments


bottom of page