top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадона и „Ворнер мјузик“ ќе го реиздадат целиот каталог на поп-кралицата

17.08.2021 Avgust Vtornik

Мадона, најпродаваната ѕвезда на поп-музиката на сите времиња, наскоро повторно ќе го објави целиот свој каталог согласно договорот со „Ворнер мјузик груп“ (WMGO), музичкото студио што го лансираше нејзиниот деби сингл пред речиси четири децении. Мадона, која во понеделникот (16 август) наполни 63 години, е најновиот уметник што потпиша договор со третата најголема издавачка куќа во светот по договорот на францускиот диџеј Дејвид Гета во јуни. „Ворнер мјузик“ е дом и на музичари меѓу кои Карди Би, Ед Ширан и Бруно Марс. Поп-дивата која ги отпеа Material Girl, Express Yourself и десетици други хитови продаде повеќе од 300 милиони плочи, а во 2008 година беше вклучена во Рокенрол холот на славните. Добитничка на седум Греми-награди, Мадона е најпозната по нејзините албуми Ray of Light, Like a Virgin и True Blue.


3 views

Comentarios


bottom of page